дома Балкан Харадинај: Или јас Претседател или одиме на избори

Харадинај: Или јас Претседател или одиме на избори

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за албанската Ора њуз телевизија категорично изјави дека ако не биде тој претседател на Косово ќе се оди на вонредни парламентарни избори.

-Прашањето на претседателот е прашање на политички договор меѓу партиите. Како коалиција имаме мнозинство, но тоа е многу ограничено мнозинство. Тоа значи дека имаме околу 20 гласа помалку за ова прашање и опцијата е Движењето „Самоопределување”, значи постигнување договор со нив или со Демократската партија на Косово. Ова е она што го чека Косово, можноста да се најде договор или да се оди на избори, рече Харадинај

Тој и претходно јавно кажа дека ја посакува функцијата шеф на државата, откако Хашим Тачи поднесе оставка по покренатото обвинение од Хашкиот трибунал.