дома Балкан ХАРАДИНАЈ ИМА РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ СО СРБИЈА: Тој го соопшти најдоброто решение...

ХАРАДИНАЈ ИМА РЕШЕНИЕ ЗА СПОРОТ СО СРБИЈА: Тој го соопшти најдоброто решение за излегување од ситуацијата!

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека и покрај пpитисоците даноците на производи увезени од Србија и БиХ ќе останат во сила и дека тоа нема никаква врска со дијалогот со Србија кој треба да продолжи.

Харадинај за време на посетата во општина Гњилане оцени дека најдобар излез од ситуацијата кој во исто време ќе ја продлабочи соработката со САД е Србија да го признае Косово.

За однесувањето на косовската амбасадорка во САД, Харадинај изјави дека таа дејствува од името на Тачи, а не ма Косово и дека не ја претставува објективно ситуацијата во Косово.

Амбасадорката на ова одговори дека не е нејзина вина што не постои едниство и политички консензус за важните теми.