дома Балкан ХАРАДИНАЈ НА СОСТАНОК СО ШЕФОТ НА ЦИА: Лидерот на терористичката УЧК на...

ХАРАДИНАЈ НА СОСТАНОК СО ШЕФОТ НА ЦИА: Лидерот на терористичката УЧК на средба со шефот на ЦИА разговарал за „безбедноста во регионот“

Косовскиот премиер на Косово Рамуш Харадинај на својот Фејсбук профил напиша да во Вашингтон се сретнал со директорот на ЦИА Мајк Помпео

Исто така, се состанал и со помошникот американски државен секретар за Европа, Вес Мичел.

Харадинај на Фејсбук денес напиша дека „имал чест“ со шефот на ЦИА да разговара за „предизвиците во безбедноста на Косово и пошироко“.

„Косово и САД се стратешки партнери во многу области и посебно во областа на безбедноста. Косово е благословено што не е само во соочувањето со регионалните и глобалните предизвици“, напиша Харадинај.

Темата на неговиот втор состанок, со помошник државниот секретар Мичел, била „неопходноста од зголемување на улогата на САД на Балканот“, пишува Харадинај.

Притоа, „посебен акцент“ била „амерканската поддршка за Косово на евроатлантскиот пат“.

„Сојузништвото со САД е гаранција која нам ни дава сигурност и надеж. Продолжуваме заедно!“, додава Харадинај.