дома Македонија ХАРАДИНАЈ СО ПОДДРШКА ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Косовскиот премиер и терористички лидер на средба...

ХАРАДИНАЈ СО ПОДДРШКА ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: Косовскиот премиер и терористички лидер на средба со семејствата на осудените во Диво Насеље!

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги прими членовите на семејствата на осудените лица од т.н. кумановска група во случајот „Диво Насеље“ и им вети поддршка – пишуваат албанските медиуми, пренесува Експрес.мк

„Премиерот Харадинај слушна за загриженоста на членовите на семејствата, за состојбата, како и за казните на граѓаните на Косово задржани во Македонија. Членовите на семејствата на осудените рекоа дека казните изречени од Судот се неприфатливи и оти не се совпаѓаат со ниту еден принцип на правдата.

Премиерот Харадинај ги увери членовите на семејствата дека Владата на Република Косово е во служба на сите граѓани на Косово и оти ќе ги поддржи членовите на семејствата во текот на овој процес“, стои во соопштението од средбата.