дома Балкан ХАРАДИНАЈ ЈА ПОВЛЕЧЕ ПЛАТФОРМАТА ЗА ПРЕГОВОРИ СО БЕЛГРАД: Односите помеѓу Србија и...

ХАРАДИНАЈ ЈА ПОВЛЕЧЕ ПЛАТФОРМАТА ЗА ПРЕГОВОРИ СО БЕЛГРАД: Односите помеѓу Србија и Косово повторно влошени

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај ја повлече од собраниска расправа предлог платформата за дијалогот за нормализација на односите на Косово и Србија.

На конференција за медиумите Харадинај кажа дека одлуката ја донел имајќи го предвид големиот интерес за расправа во политичките партии, во парламентот и меѓу граѓаните.

За време на расправата во косовското собрание платформата ја поддржаа само Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и партиите на несрпските малцинства.

Најспорниот дел од платформата е предлогот дијалогот да го води претседателот на Косово Хашим Тачи.

Платформата на косовската влада за финализација на бриселскиот дијалог на Србија и Косово го овластува претседателот Хашим Тачи заедно со косовската делегација, која ќе биде формирана, да ги води разговорите за нормализација на односите со Србија.