дома Македонија ХАУС МАЈСТОРОТ СТАНА ИНВЕСТИТОР: Кочо хаусмајсторот во Центар, ќе гради згради во...

ХАУС МАЈСТОРОТ СТАНА ИНВЕСТИТОР: Кочо хаусмајсторот во Центар, ќе гради згради во Аеродром кои ќе ги гушат аеродромци!

Работниците ги корнеа последните греди од старата барака. Во еден здив со нив и сопственикот на доскорешното маалско дуќанче ги расклопуваше остатоците. Пензионираниот воен старешина Павле Трајаноски го чека модерниот изглед на деловниот простор кој ќе го добие наместо истрошената барака, но ќе биде и три пати поголем, објавува телевизија 24.

„Мене дуќанот супер ми работеше, но дупот мораше да се урбанизира и да се модернизира. Тие бараки се правени 1963 и е предвидено да се изгради станбено деловен комплекс.“ – вели тој.

Приказната на Трајаноски е едната страна од паричката. Неговите очекувања ги делат уште 12мина сопственици на земјиштето зад Тобако 2. Но, од другата страна се загрижените жители на скопската општина Аеродром. Реагираат на градежниот хаос, прашината и последиците од пренатрупаност со згради во изминатите десетина години.

„Не може која власт и да дојде да ги менува урбанистичките планови, не е водено сметка за хуманата димензија, целта е на тие профитери да им се дозволи да градат за да дојдат до пари.“ – велат граѓаните.

Оваа паричка има и трета страна. Бизнис интересите на фирмите вклучени во изградбата на еден од најголемите-станбено деловни објекти во Аеродром. Инвеститор е компанијата Порта Инжинеринг и 13 сопственици на земјиштето. Седиштето е на иста адреса со Адора Инженеринг, во сопственост на бизнисменот Ванчо Чифлиганец. Сопственикот на Порта за ТВ24 вели дека овој проект не е инвестиција на Адора.

-Формално правно да, ова е прв објект на кој како инвеститор е Порта Инжинеринг Груп, но нашето искуство во градежништвото е долгогодишно. Имено, Фирмата Порта инжинеринг Груп во самиот почеток беше ДОО и беше формирана помеѓу претставник од Адора Инжинеринг- Спасе Стојанов и јас како претставник од фирмата Дивелоп Груп (Одлучено е да биде седиштето на Адора ), за покасно мојот партнер Стојанов како и Дивелоп Груп да се повлечат од проектот поради презафатеност за реализација на други проекти.

 

Изведбата на објектот ја прави фирмата Специјал Градба. Нејзиниот сопственик е Кочо Стојчески, бизнисмен и раководител на сектор за локален економски развој во општина Центар. Во време на градоначалникот Андреј Жерновски Стојчески беше унапреден од хаусмајстор во инспектор во Центар. Тој беше потпишан и зад инспекцискиот надзор на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Во изјава за нашата редакција вели дека нема конфликт меѓу неговите бизниси и државната работа.

„Моите бизниси каде и да постојат се во функција на локалниот економски развој. Околу 2 милиони евра се пресметани како комуналии кои Порта Инжинеринг и ги исплаќа на општина Аеродром“ – вели инвеститорот.

Ќе има 281 стан и 321 паркинг место за новите станари, обезбедено со решението за градба кое е издадено од актуелниот градоначалник Златко Марин, пред дваесет дена. Токму Марин во предизборната кампања ветуваше мораториум на градбите. Вели дека има законско решение кое е донесено од неговиот претходник Ивица Конески. Новото здание влегува во ДУП кој е донесен во 2012-та година, а според првичната верзија наместо десеткатница, требало да се гради.