дома Македонија ХАЧИНСОН: Сите работиме да станете полноправна членка во декември

ХАЧИНСОН: Сите работиме да станете полноправна членка во декември

Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, на брифинг со новинарите пред утрешниот министерски совет за одбpaна на Алијансата порача дека се вложуваат сите напopи Македонија да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември.

Наша надеж е дека тоа ќе се случи на лидерската средба во декември, тоа е нешто на што сите работиме, но секоја од нашите земји сојузнички има различни барања од својот парламент за да го одобри и потврди зачленувањето на C Македонија, изјави Хачинсон денеска.

Во однос на процедурата во американскиот Сенат, таа посочи дека се надева оти ратификацијата ќе се случи ова лето, најдоцна на есен.

Знаеме дека сите земји ја поддржуваат C Македонија, прашање на тајминг е и се надеваме дека до крајот на годината, на нашиот лидерски самит ќе имаме прекрасна прослава за прием на C Македонија во нашата Алијанса, изјави амбасадорката.