дома Македонија Хашим Тачи денес на средба во четири очи со Заев во Скопје

Хашим Тачи денес на средба во четири очи со Заев во Скопје

Претседателот на Косово Хашим Тачи денес ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Владината прес-служба вечерва соопшти дека средбата во Владата ќе биде денес претпладне. Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји.

По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер.