дома Uncategorized ХЕЛИКОПТЕРОТ НА КОБИ СЕ УРНАЛ НА НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН: Ќе бидат потребни денови...

ХЕЛИКОПТЕРОТ НА КОБИ СЕ УРНАЛ НА НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН: Ќе бидат потребни денови да се извлeчат телата од местото на нeсреќата

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на несреќата, бидејќи хеликоптерот се урнал во непристапен и опасен терен.

 

 

Во страшната несреќа синоќа загина НБА-легендата Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка Џијана Марија и уште седуммина во хеликоптерот што се урна во Калифорнија. Идентитетот на сите загинати во несреќата не е соопштен.

Дарил Озби, началник на противпожарната единица во округот Лос Анџелес, изјави дека местото на несреќата е тешко за пристап и дека пожарникарите морале да се искачуваат до местото на несреќата. Медиумите пишуваат дека не е познато колку патници било одобрено да се превезуваат во хеликоптерот и дека засега не е познато дали тој бил преоптоварен./Makfax