Хенкок: До крајот на годината Ковид-19 ќе биде сведен на ниво на грип во Британија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мет Хенкок, британскиот министер за здравство, верува дека до крајот на годината, ќе биде „само уште една болест со која ќе мора да живееме“.

Според него, ова ќе се случи со помош на вакцинација и нови начини на лекување. Ханкок истакна дека владата во Лондон вложила напори да ги охрабри граѓаните да ја прифатат вакцинацијата, пренесува Гардијан.

Британската национална здравствена служба објави дека на сите од четирите главни приоритетни групи во Англија им е дадена можност да се вакцинираат, со 14 од најзагрозените 15 милиони кои веќе ја примиле првата доза.

Властите на Велс во петокот објавија дека стана првата земја во Обединетото Кралство што ја исполни својата цел за имунизација.

Министерот Ханкок рече дека се надева дека комбинацијата на вакцини и нови начини на лекување ќе значи дека Ковид-19 може да биде болест што може да се излечи до крајот на годината.

Тој додаде дека коронавирусот ќе стане „друга болест со која треба да живееме“ како грип.

„Се надевам дека Ковид-19 ќе стане болест што може да се излечи до крајот на годината“, изјави тој за „Дејли телеграф“.

Хенкок апелираше до сите постари од 70 години да се јават во Националната здравствена служба (НХС) за да закажат состанок за вакцинација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This