дома Спорт Херојот Компани изнервиран од соиграчите: Не стигнав толку далеку во кариерата за...

Херојот Компани изнервиран од соиграчите: Не стигнав толку далеку во кариерата за да ми кажуваат…

Венсан Компани постигна страшен гол од далечина и со тоа го остави Манчестер Сити во пол позиција за освојување на титулата пред одигрувањето на последното коло во Премиер лигата, а иако вонсерискиот погодок на стоперот предизвика огромна радост на „Итихад“, херојот во минималната победа од 1:0 над Лестер по средбата призна дека бил и малку фрустриран од своите соиграчи.

Искусниот дефанзивец се покажа како вистински капитен и реши натпревар кој се чинеше дека на Сити му бега од раце, но во флеш интервјуто кое го даде по крајот на средбата порача дека бил и малку изнервиран од неговите соиграчи кои му викале да не шутира во дадената ситуација.

– Не планирам да заминам во пензија, апсолутно тоа не е никаква опција, – порача Компани, запрашан дали ќе стави крај на кариерата со оглед на тоа што ова лето му завршува договорот со Сити.

– Ќе продолжам да играм фудбал, ќе продолжам да го правам она што го направив вечерва се додека можам. Покажав верба и желба за победа, немав постигнато гол цела сезона, но отсекогаш сум сметал дека во големите моменти можам да направам нешто големо. Морам да признаам дека бев и фрустриран од соиграчите, сите ми довикуваа да не шутирам. Тоа беше навистина досадно да се слушне, не дојдов толку далеку во кариерата за така млади играчи да ми кажуваат кога да шутнам, а кога не, – порача Компани по средбата.