Хидранти вон стандарди но и без вода – Глобал бил темпирана бомба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огнот којшто зафати голем дел од внатрешноста на објектот им оневозможуваше на пожарникарите да влезат и одвнатре да реагираат, бидејќи според првичните информации, огнот тргнал некаде од задниот влез што се користи за дотур на стока.

Затоа, беа принудени да кршат стакла на првиот кат на објектот и оттаму да влегуваат, но и на неколку локации од надворешниот дел, особено откај катната гаража, којшто не беше во пламен.Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во обејктот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот.Тие пак, се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудиваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време.

Објектот, за жал, се уште не е целосно безбеден од нов пожар и ќе мора да се чува уште некој ден. Велат дека ги разбираат реакциите на граѓаните, но, дека е потребно да се запознаени со целата ситуација за да ги согледаат правилно настаните.

Не се навредени од коментарите, велат, затоа што тие знаат дека дале се од себе и работеле професионално

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This