дома Занимливости ХИТ ВИДЕО: Крадци налетале на ММА шампион, излетале во нокаут

ХИТ ВИДЕО: Крадци налетале на ММА шампион, излетале во нокаут

Повеќе од шест милиони гледачи го виделе ова видео од обидот за грабеж врз оваа бензинска пумпа во Хјустон, Тексас.

Крадците сигурно не мислеле дека при лесниот грабеж ќе налетаат на ММА шампион во семи-професионална категорија. За нивна несреќа, Мајура Дисанјаке кој работел како продавач на безнинската бил токму тоа, шампион во ММА во семи-професионална категорија.

Крадците враќајќи се од банка, решиле да ја нападнат бензинската, за нив навидум лесен плен. Кога го нападнале колегата на Дисанјаке тој веднаш скокнал во акцијата и почнал да ги нокаутира напаѓачите – “”На тренинзите нас не учат да удираме со раце, со нозе со глава. Тоа и го направив. Кога го видов едниот инстинктивно го удрев во глава, и продолжив кон другиот. Оној кој бегаше, го удирав се додека не го нокаутирам и не бидам сигурен дека нема да мрда.”” – рекол Дисанјаке.