дома Магазин ХИТ НА ИНТЕРНЕТ:Девојка направи вечерен фустан со црни вреќи за ѓубре

ХИТ НА ИНТЕРНЕТ:Девојка направи вечерен фустан со црни вреќи за ѓубре

Креативната Амбер Шол постојано мами нови обожаватели на социјалните мрежи со своите туторијали за творби кои чинат малку пари.

Нејзиниот најнов хит е „вечерен“ фустан направен со црни вреќи за ѓубре.

За него, таа била инспирирана од коментар во кој пишувало дека таа може да направи и вреќа за ѓубре да изгледа добро. „Ова е смешен DIY предизвик инспириран од вас. Ова сум јас, трудејќи се да направам фустан од вреќа за ѓубре. Евтино, лесно и забавно… совршен туторијал за матура или вечерно излегување…“ – пишува шеговито таа во описот на видеото на YouTube, кое за 3 дена има повеќе од милион прегледувања.

„Кога некој ќе ве нарече ѓубре, направете фустан од вреќи за ѓубре и докажете му дека е потполно во право“ – пишува таа на Twitter, каде нејзината објава има 39.000 допаѓања и речиси 10.000 споделувања.

Еве фотографии од процесот на создавање на фустанот:

Претходно, Амбер сними туторијал во кој трансформира обичен фустан од 4 долари во впечатлив матурски фустан.