дома Спорт ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ:Фацата на Вајлдер кога Фјури стана во 12 рунда

ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ:Фацата на Вајлдер кога Фјури стана во 12 рунда

Утринава во Лос Анџелес беше одржана спектакуларна борба помеѓу Деонатај Вајлдер и Тајсон Фјури, која на крајот заврши без победник.

Љубителите на боксот можеа да уживаат во спектакуларна борба за титулата во тешка категорија, а иако многумина очекуваа Фјури да победи затоа што покажа повеќе, на крајот судиите решија да нема победник.

Сепак, Вајлдер во 12. рунда можеше да го добие мечот, откако го урна Фјури на подот и многумина помислија дека го нокаутирал, но остаа во шок откако Британецот стана и продолжи со борбата, а изразот на лицето на Вајлдер покажува сè.