дома Свет Холандија воведува божикно затвopaње поради омикpoн

Холандија воведува божикно затвopaње поради омикpoн

Холандија ќе воведе божиќен „локдаун“ со цел да се спречи ширењето на варијантата на коронавирусот омикрон, јавија светските агенции.

Сите продавници, освен оние за основни намирници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари.

Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се „неизбежни“. Ова се најстрогите мерки што една земја ги воведе досега поради омикрон – сојот кој станува доминантен во Европа. И другите земји на Стариот Континент ги заоструваат мерките поради брзото ширење на новата варијанта.

Новите правила во Холандија, кои стапуваат на сила веќе од утре, беа објавени по средбата меѓу Владата и здравствените експерти. Холандскиот национален институт за јавно здравје соопшти дека во земјата досега се регистрирани повеќе од 2,9 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и повеќе од 20.000 смртни случаи.

Во земјата во изминатите 24 часа имаше 14.742 нови потврдени случаи на ковид-19.