дома Европа Холандија ги враќа pecтрикциите, премерот препорача граѓаните повторно да работат од дома

Холандија ги враќа pecтрикциите, премерот препорача граѓаните повторно да работат од дома

Холандскиот премиер Марк Руте, во парламентот препорача граѓаните повторно да работат од дома, откако во изминативе денови државата се соочува со нов раст на бројките на заразени од Ковид-19.

Минатиот петок Холандија повторно донесе рестрикции во баровите, рестораните и ноќните клубови како би спречиле понатамошно растење на бројките. Тие пред само две недели ги укинаа повеќето од мерките кои ги имаа претходно донесено, но бројките на новозаболени во Холандија брзо почнаа да растат, пренесува Ројтерс.

Холандија ги укина и сите фестивали и јавни настани до 14-ти август, додека продолжува и понатаму да го вакцинира своето население.

FacebookTwitterCopy Link