Холандија ја пpeкина имунизацијата со АстраЗенека кај лица под 60 години поради cмртта кај една жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холанѓаните на возраст под 60 години нема да се вакцинираат со вакцината АстраЗенека во наредните денови, одлучи Министерството за здравство поради случаи на згрутчување на крвта евентуално предизвикани од вакцината.

Холандскиот центар за истражување на несакани ефекти Лареб денеска објави дека меѓу 400.000 вакцини дадени од АстраЗенека, досега е утврдено дека пет жени на возраст од 25 до 65 години имале тромбоза во комбинација со намален број на крвни зрнца, а една жена починала.

Сите пет жени развиле масивна белодробна емболија во рок од десет дена по вакцинирањето.

Во тек е испитување за да се види дали има врска помеѓу вакцинацијата и тромбозата.

Вакцинацијата на граѓани на возраст под 60 години ќе биде запрена до среда, 7 април, кога се очекува нов детален извештај од Европската агенција за лекови, а холандската служба за контрола на лекови СГБ и Министерството за здравство ќе ја преиспитаат употребата на вакцината на АстраЗенека.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This