Холандија oд нoќecкa дeлyмнo ce зaтвopa дo 19-ти jaнyapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од среда сите училишта и универзитети во земјата ќе треба да се префрлат на онлајн настава.

Холандската Влада денеска донесе одлука да воведе нови мерки за „заклучување“ на земјата, што, меѓудругото, вклучува и затворање на училиштата и продавниците на најмалку пет недели.

Вечерва од полноќ до 19 јануари се затвораат училиштата, продавниците што не се од витално значење, музеите, спортските сали, театрите и фризерски салони, рече вечерва холандскиот премиер Марк Руте.

Како што изјави, од среда сите училишта и универзитети во земјата ќе треба да се префрлат на онлајн настава.

Британските медиуми пренесуваат дека Руте новите мерки ги најави на телевизија зборувајќи од неговиот кабинет во Хаг. Додека тој зборуваше, однадвор можеше да се слушне како демонстрантите го исвиркуваат, додаваат американските медиуми.

– Реалноста е дека ова не е некој невин вид на грип, како што мислат некои луѓе, како на пример  демонстрантите кои се надвор, туку вирус што може сите тешко да не погоди – рече Руте.

Во Холандија од почетокот на пандемијата на коронавирусот се заразија 621. 944 лица, додека 10.082 лица досега умреа, покажуваат податоците на сајтот Ворлдметерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This