дома Европа Холандскиот премиер Руте ги нарече идиoти граѓаните кои пpoтестираа пpoтив koвид мерките

Холандскиот премиер Руте ги нарече идиoти граѓаните кои пpoтестираа пpoтив koвид мерките

2017-09-14 10:22:51 DEN HAAG- Premier Mark Rutte bij aankomst op het Binnenhof waar de onderhandelaars van VVD, CDA, D66 en ChristenUnie spreken met informateur Gerrit Zalm. ANP BART MAAT

Премиерот на Холандија, Марк Руте, денеска ги критикуваше „идиотите“ кои минатиот викенд направија нереди низ земјата, протестирајќи против ковид мерките.

За време на три ноќи беа уапсени повеќе од 100 луѓе.

„Ова беше чисто насилство, антиковид протестите беа само изговор. Во општеството владее големо незадоволство бидејќи долго време се справуваме со пандемија. Но, никогаш нема да прифатам идиоти кои користат насилство само затоа што се незадоволни“, рече Руте.

Во неделата беа уапсени околу 30 лица, а претходно неколку десетици лица, откако разгневената толпа млади луѓе фрлаа камења и запалија оган.

Групи облечени во црно фрлаа камења по полициските комбиња, додека во Хаг беше скршено шофершајбната на амбулантно возило кое требаше да го однесе пациентот во болница.

Насилството започна во Ротердам во петокот вечерта, кога тие почнаа да се спротивставуваат на владините планови да им забрани на невакцинирани лица да пристапуваат на јавни места, јавува Ројтерс и Танјуг.

Иако некои мерки за заклучување беа вратени на 13 ноември, бројот на нови случаи на дневна основа достигна највисоко ниво од почетокот на пандемијата.