Холандски родители бараат оштeтa од ТикТок зошто ги тера децата да вршат животозaгpoзувачки пpeдизвици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 64.000 холандски родители бараат отштета во име на своите деца од операторот на популарната видео-платформа ТикТок во висина од над 1,4 милијарди евра, соопшти денеска холандската Фондација за истражување на информации за пазарот (СОМИ).
Родителите бараат оштета поради тоа што ТикТок ги изложува децата на опасности преку така наречени предизвици да извршат ризични дела, а покрај тоа и собира податоци за малолетници за насочено рекламирање.

СОМИ е непрофитна организација посветена на заштита на основните права на корисниците на интернет услуги, се вели во веб-страницата.

ТикТок е е во сопственост на кинеската компанија БејтДенс (ByteDance). Операторот на платформата претходно објави дека презема мерки за зголемување на безбедноста на младите корисници.

Според условите за употреба на ТикТок, на малолетниците им е потребна согласност од нивните старатели. Децата на возраст под 13 години не смеат да ја користат услугата.

Компанијата на својата веб-страница посочува дека корисниците имаат пристап до поставките за приватност за да можат „да ги изберат поставките што им одговараат“

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This