дома Македонија Холанската амбасада ги демантира бугарските медиуми: Ветото е чисто бугарско

Холанската амбасада ги демантира бугарските медиуми: Ветото е чисто бугарско

Холандската амбасада во Скопје вели дека се целосно неосновани и лажни вести известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Од амбасадата за САКАМДАКАЖАМ.МК потсетуваат дека „на 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка“.

Веста ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, повикувајќи се неименувани дипломатски извори од Брисел.

Извор: СДК