дома Занимливости ХОЛИВУДСКАТА АКТЕРКА ВО 50-ТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ КОНЕЧНО ЌЕ БИДЕ МАЈКА!

ХОЛИВУДСКАТА АКТЕРКА ВО 50-ТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ КОНЕЧНО ЌЕ БИДЕ МАЈКА!

Холивудската актерка Џенифер Анистон, според тврдењата на странски извори, во 50-тата година од животот конечно одлучила да стане мајка.

После долгиот и неуспешен брак со актерот Џастин Теру, Џенифер одлучила да посвои 13-месечно девојче од едно сиропиталиште во Мексико.

„Актерката веќе со години им помага на две сиропиталишта во Мексико, а за време на последната посета се заљуби во едно прекрасно девојче“, рекол изворот за „Globe“.

„Одамна сакаше да посвои дете, уште додека беше во брак со Џастин, но тој ги кочеше работите, велејќи дека не е вистински момент“, тврди изворот.

Сега кога повеќе не е со Џастин, сите ја охрабриле актерката конечно да си ја исполни својата желба.

Актерката наводно го започнала процесот за посвојување, а „Globe“ наведува дека станува збор за девојче кое ги загубило своите родители.