дома Политика ХОМОСЕКСУАЛНОТО ЛОБИ ПОБЕДИ ВО СДСМ: Тргнат делот од „програмата“ на Двери против...

ХОМОСЕКСУАЛНОТО ЛОБИ ПОБЕДИ ВО СДСМ: Тргнат делот од „програмата“ на Двери против ЛГБТ и антисемејните вредности!

Доколку се погледне памфлетот наречен предизборна програма на СДСМ, освен тоа што ќе забележите идентичен (само преведен) текст од програмата на радикално десничарската партија од Србија „Двери“, единствено што не е идентично со програмата на српската партија е делот за ЛГБТ заедницата

Во предизборниот период, хомосексуалците биле во интензивна комуникација со СДСМ, ЛДП, ЛП, ДОМ и Левица, додека од ВМРО-ДПМНЕ не им излегле во пресрет и не одговориле на нивните барања за средба, како што информираше претседателот на ЛГБТ организацијата „Субверзиран фронт“ Антониот Михајлов.

Резултатот на оваа средба помеѓу ЛГБТ лобито и СДСМ е елиминрање на дел од „програмата“ на СДСМ во кој се зборува против промоција на хомосексуалните и антисемејните вредности, кои претходно биле напишани во преземената програма од српски „Двери“.

Михајлов додава дека крајната цел им е поголема политичка застапеност на ЛГБТ. На само 6 дена пред изборите хомосексулците ќе организираат конференција на која ќе ги поканат политичките партии кои соработуваат со нив, на оваа средба тие најавуваат дека ќе лобираат кај партнерските СДСМ, ЛДП, ЛП, ДОМ и Левица да се борат за законски измени кои ќе им донесат поголеми права на ЛГБТ луѓето.