дома Хроника ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Маж држел малолетничка затворена цели 12 дена!

ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Маж држел малолетничка затворена цели 12 дена!

Педесет и три годишен маж од Скопје (Џ.Р) синоќа пријавил дека претходниот ден, околу 23.50 часот, добил телефонски повик од пријател дека ја забележал неговата 16- годишна ќерка како видно вознемирена се движи по улица во населбата Шуто Оризари.

-Џ.Р. се упатил на наведената локација и ја пронашол неговата ќерка, која му кажала дека присилно била држена од страна на 26 годишен маж во неговиот дом. Тој, според кажувањето на девојката, од 18.05.2018 година не и дозволувал да го напушти неговиот дом при што физички ја малтретирал, информираат од полицијата.