дома Балкан Хорор на познато летувалиште во Хрватска: Гром усмрти младо момче

Хорор на познато летувалиште во Хрватска: Гром усмрти младо момче

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило гром додека излегувало од морето во местото Мутограс.

Брзата помош за жал ништо не можела да направи.

Очевидци на несреќата за „Слободна Далмација“ рекле дека со момчето имало и девојка со која заедно биле во водата, но не е повредена.

– „Гром удри во морето, слушнав крик и тогаш сфатив дека се случила трагедија, изјави сведок за хрватскиот портал.