дома Македонија ХОТЕЛ ПРОМАЈА ВО ЈСП: На минусни температури, вратите на автобусите ширум отворено

ХОТЕЛ ПРОМАЈА ВО ЈСП: На минусни температури, вратите на автобусите ширум отворено

Промајата не е шега, сериозна работа е велат старите. Очигледно директорот на ЈСП не ја научил лекцијата од постарите, па така вратите во авотбусите се ширум отворени на минусни температури. Патниците се жалат на старите автобуси на ЈСП кои и онака немаат греење, а уште поголем проблем е тоа што вратите на старите автобуси не се затвораат па така патниците мрзнат во овие зимски денови. Имено патниците прашуваат зошто сеуште се во употреба старите автобуси и што е проблемот со новите. Претходно имаше шпекулации дека на новите автобуси не е правен редовен сервис изминатава година па поради тоа дел од нив во моментов не се во функција.

-Вака возат автобусите на ЈСП, коментираат граѓаните на Фејсбук!