Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Ли, имаше официјална средба со Талат Џафери.
Талат Џафери изјави дека неговото присуство денеска во Парламентот уште еднаш ја потврдува поддршката на САД за избор на претседател на Собранието и за поддршката на понатамошните чекори.
– Ја имам можноста во својство на претседател на Собранието да ви се обратам и да кажам дека имав можност да ја остварам првата официјална средба со високиот претставник од САД.
Неговото присуство уште еднаш ја потврди поддршката на САД за иборот на претседател на Собранието, како и за натамошните чекори за функционалноста на Собранието и другите институции, рече Талат Џафери.
Од утре ќе се обидам да ја ставам во функција работата на Собранието.