дома Балкан ХОЈТ ЈИ СО ЗАКАНА ДО ВУЧИЌ: Пази да не поминеш како Санадер,...

ХОЈТ ЈИ СО ЗАКАНА ДО ВУЧИЌ: Пази да не поминеш како Санадер, Берлускони, Шредер или Груевски!

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар Хојт Ји во разговор со претседателот на Србија Александар Вучиќ го предупредил дека лесно може да помине како Шредер, Санадер, Берлускони или Груевски – пренесуваат српските медиуми.

Тема на разговори биле економските односи помеѓу Србија со Западот, пред се Америка и руските интереси во Европа и на Балканот. Америка нема да дозволи руска економска и енергетска експанзија во Европа. Хојт Ји го предупредил Вучиќ велејќи дека поради рускиот гасовод политичката кариера ја завршија многу европски лидери како што се Берлускони, Шредер, Санадер, Груевски.

Санадер заврши во затвор, а Груевски е насилно тргнат од власт. Исто така во Бугарија неколку влади беа соборени поради рускиот гас.