Хоџа: Некои политичари се обидуваат да добијат градоначалнички мандат на маkата на лозарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема да дозволиме како завчера, поединци политички да профитираат на сметка на лозарите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, додавајќи дека додека тој го води Министерството, политика во земјоделството нема да има и производителите нема да се делат по таква основа.

Според него, откупот на грозјето ќе тече непречено и очекува сите винарски визби да ги почитуваат договорените цени: 11 денари за „смедеревка“ и 13 за „вранец“.

-Генерализирање на лозарите не е коректно и не е во ред. Ако незадоволство имале одредени политичари, односно градоначалници, зашто не им успеало тоа што го планирале, навистина ми е жал што сакале да ја употребат маката на лозарите за да поентираат политички. Сум кажал и на самиот почеток, кажувам и сега – додека јас го водам Министерството, политика во земјоделството нема да има, нема да се делат не само лозарите, туку и сите други производителите по политички бои. Жал ми е што тоа некои политичари се уште не го сфатиле, дури се обидуваат да добијат уште еден градоначалнички мандат на маката на лозарите. Жал ми е, зашто градоначалникот на Кавадарци го ценам како мој пријател. Не ми беше јасно што се случуваше тој ден. Но, со моја ургенција лозарите беа примени кај раководството на „Тиквеш“ за да разговараат и веднаш потоа откупот почна, но изгледа тоа не им одговараше на поединци и повторно го прекинаа откупот, истакна Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со црногорскиот колега Александар Стијовиќ.

Хоџа рече дека е во постојана комуникација со лозарите и ништо од ветеното не е надвор од рамките на она што е разговарано.

-Точно е дека сум разговарал со винарските визби за поголема цена од ланската и точно е дека поголемите визби тоа го почитуваат. Има и такви што не го почитуваат, затоа свикав состанок само со визбите во средата, за да разговараме зошто е тоа така. Со оглед дека уште сме на почеток, нормално повеќето визби се уште не почнале со откуп. Затоа за мене е несфатливо уште на почеток на откупот да се прави обид да се профитира политички на грбот на лозарите, потенцира министерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This