дома Европа Хрватска го презеде претседавањето со Европска Унија

Хрватска го презеде претседавањето со Европска Унија

Од денеска па во наредните шест месеци, Хрватска ќе претседава со Советот на Европската Унија.

„Силна Европа во светот со многу предизвици“, е слоганот што го избра најновата земја членка на Унијата.

Почетокот на претседавање официјално ќе биде одбележан на 9 јануари, кога во Загреб ќе пристигнат членовите на Европската комисија на чело со претседателката, Урсула фон дер Лајен, пренесува ХИНА.

Шестмесечното претседавање се темели на 4 приоритети и тоа:Европа која се развива, Европа која поврзува, Европа која штити и Европа која е влијателна.

Најважен настан за време на хрватското претседавање ќе биде неформалниот состанок на лидерите од земјите на Западен Балкани ввот на ЕУ на 7 мај во Загреб.

Тогаш ќе се знае дали Македонија ќе добие датум за преговори.