дома Балкан Хрватска е под снег

Хрватска е под снег

Речиси целиот континентален дел од Хрватска утрово е под снег.


Најголема снежна покривка е регистрирана во планинските предели.
Четиринаесет сантиметри снег досега наврнале во Вараждин, еден во Книн, додека во Загреб снежната покривка е три сантиметри.
Во приморскиот дел на Хрватска, сообраќајот е отежнат поради силни верови и има многу ограничувања.
Сообраќајот е забранет за камиони со приколки и полуприколки, а сите други возила мора да располагаат со зимска опрема.
Снег наврна и во Словенија, а во Србија снежни наноси се очекуваат во текот на ноќта.