дома Балкан Хрватска не мирува земјата – нов земјотрес кај Петриња

Хрватска не мирува земјата – нов земјотрес кај Петриња

Вечерва во 21.36 часот уште еден земјотрес ја потресе Петриња во Хрватска.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар потресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.

Епицентарот е на 14 киломтери југозападно од Сисак, на длабочина од пет километри.

Според Индекс, луѓето во Петриња, Глина и Сисак јавуваат дека го почувствувале тресењето и дека повторно се слушала бучава.