дома Балкан Хрватска пoвтopнo ce тpece: Hoв зeмjoтpec co jaчинa oд 4.1 cтeпeн вo...

Хрватска пoвтopнo ce тpece: Hoв зeмjoтpec co jaчинa oд 4.1 cтeпeн вo Петриња

Во 09 часот и 21 минута регистриран е нов потрес во Хрватска. Според ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 5 километри!

Силен земјотрес ја вчера погоди Хрватска, а земјотресот се почувствува низ целата земја.

Земјотресот беше почувствуван во Риека, Вуковар, Сплит… Во Загреб, исто така, се почувствува доста силно, објавија хрватските медиуми!

Според ЕМСЦ, моќноста на земјотресот била 6,3. степени по Рихтер.

По тој земјотрес, се почувствувал уште еден помал, објавија хрватските медиуми!

Луѓето во Загреб излегоа на улиците, во делови од центарот на градот нема струја.

Граѓаните на Загреб излегоа на улиците по денешниот земјотрес со јачина од 6,4 степени, во паника и страв дека земјотресот може да се повтори, изјави за Танјуг Милица Вучковиќ, која живее во Загреб.