дома Балкан Хрватскиот град Осиек погоден од HeBpeme, вклучен цpBeн алapm

Хрватскиот град Осиек погоден од HeBpeme, вклучен цpBeн алapm

Силно невреме со обилен дожд и грмежи денеска го погоди подрачјето на Осиек во Хрватска. Силниот дожд предизвикал поплави по улиците низ градот, додека силниот ветар откорнал покрив на зграда што предизвикало и прекин на напојување на трамваите со електрична енергија.

Управата за цивилна заштита соопшти дека за 90 минути одговорила на повеќе од 300 повици од граѓани.

Зголемен бројот на жртви од невремето во Чешка
Климатски промени: Штетите големи, државата доцни со планот за адаптација
Најмалку 150 луѓе загинаа при поплавите во Западна Европа

Метеоролозите предупредуваат дека утре е можно регионот околу Осиек повторно да биде погоден од невреме, при што локалните власти издале црвен аларм.