дома Балкан ХРВАТСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД „ЖИВ ЅИД“ ПРОТИВ ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО: Пратениците...

ХРВАТСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ОД „ЖИВ ЅИД“ ПРОТИВ ЧЛЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО: Пратениците од „Жив Ѕид“ на Иван Пернар гласаа против пристапниот протокол за Македонија во НАТО!

Пратениците на политичкото движење „Жив Ѕид“ од Хрватска, чиј лидер е пратеникот Иван Пернар денес гласаа против пристапниот протокол на Македонија во НАТО, со објаснување дека одлукта за менување на уставното име и приклучување во НАТО алијансата е спротивна на одлуката на Македонските граѓани

 

Од „Жив Ѕид“ додаваат дека недемократскиот начин на кој е протуркана ратификацијата на договорот од Преспа е дополнителна причина.

На седницата не беше присутен пратеникот и лидер на „Жив Ѕид“ Иван Пернар, кој за „Инфомакс“ додаде дека и тој ќе гласал против и кога би бил присутен.

Пернар беше силен поддржувач на бојкотот за време на референдумот, кога беше и гостин во студиото на „Инфомакс“.