дома Балкан ХРВАТСКИ МАШИНИ: Започнуваат мега проект за изградба на автопат за велосипеди во...

ХРВАТСКИ МАШИНИ: Започнуваат мега проект за изградба на автопат за велосипеди во должина од 121 километар

Хрватска планира во наредните неколку години да изгради автопат за велосипеди во должина од 121 километар по течението на реката Сава.

Стазата ќе се гради во рамките на проект со кој се промовира одржливата урбана мобилност, локалните убавини и активниот туризам.

Со велосипед ќе може да се вози покрај течението на Сава, поточно од границата со Словенија, па се до Иваниќ Град.

Изградбата на овој мега проект за велосипедисти е планиран во 9 фази, а ќе започне преку пилот проект кој ќе ја финансира фазата број 5 – од Арената во центарот до пешачко-велосипедскиот мост. Со тоа тој дел ќе се поврзи со велосипедската инфраструктура во Загреб.

Вредноста на проектот е проектирана на 16,3 милиони евра, од кои 85% ќе ги финансира Европската Унија, а 15% ќе ги покријат Градот Загреб и Загребачката жупанија.