дома Политика ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Не знаат една прослава да организираат, не пак нешто да...

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: Не знаат една прослава да организираат, не пак нешто да изградат, но кога треба да се задолжи, тука се беспрекорни!

Повеќе од 1.6 милијарди евра долг за нешто повеќе од половина година, економски хаос, финансиска нестабилност и нулта економски раст е резултатот на новата влада предводена од СДСМ

Сиромаштијата од ден на ден расте, во аптеките нема лекови, болниците се оставени без основни материјали за работа, а Владата на Зоран Заев упорно ги задолжува граѓаните од ден во ден. И покрај ваквата слика, владината екипа максимално ја апсорбира власта, па наместо решенија за проблемите, решение наоѓаат во веселби и блех музика.

Ваквата ситуација ја коментираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Сега е јасно зошто го одолговлекуваа пуштањето во употреба на автопатот. Не знаат ниту прослава да организираат, а не пак нешто да изградат, но кога треба да се задолжи, тука се беспрекорни. Денес ново задолжување на Владата од 20 милиони евра!“ – напиша шефот на опозицијата на својот ФБ профил.