дома Македонија Христијан Мицкоски со поддршка за Геге Демировски и неговата кандидатура за градоначалник...

Христијан Мицкоски со поддршка за Геге Демировски и неговата кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Откако претходно претседателот на Народната Партија на Ромите, Геге Демировски даде отворена поддршка за кандидатите и советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија денеска Демировски објави на својот Фејсбук фотографија со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

За кандидатурата на Геге Демировски за градоначалник на Шуто Оризари попладнево доби поддршка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-ПОДРШКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВМРО ДОМНЕ Г ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ И ИДНИОТ ПРЕМИЕР ВО РМ И ТОА ЗА НОВА ГОДИНА 2022, пишува Демировски на Фејсбук.

Демировски и неговата советничка листа ќе ја бараат поддршката од граѓаните на Шуто Оризари под бројот 25.