дома Актуелно ХУНТАТА НА ДЕЛО: Полицијата денес спречи протест на граѓани кои протестираа против...

ХУНТАТА НА ДЕЛО: Полицијата денес спречи протест на граѓани кои протестираа против промена на името Македонија!

Полицијата, денеска не им дозволи на група граѓани да изразат јавен протест против преговорите и соработката меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на името на земјава.

Граѓаните кои се собраа да го изразат своето незадоволство уредно и навремено го пријавиле местото и времето за протест, но полицијата ги спречи да стигнат до определото место пред платото на Министерството за надворешни работи.

Протестот беше најавен за денеска во 10: 30 часот и како што информираат дел од граѓаните полицијата ги обиколила со кордон на место оддалечено 300 метри од Министерството.

„На тој начин полицијата не спречи во остварувањето на уставното право на мирно собирање и изразување на јавен протест, гарантирано со член 21 од Уставот на Република Македонија
Во што всушност бевме спречени? Во одлучната намера на Никос Коѕиас и државната политика на Грција да им покажеме дека Република Македонија де факто и де јуре постои. Територијата постои, еве на неа живееме и егзистираме. Народот сме сите ние. Во Македонија, околу Македонија и во дијаспората. Името, Република Македонија, ни е создадено со рани и од светлина, и затоа има моќен и магичен звук. Ние, граѓаните сме Македонци, во држава Република Македонија. Јазикот на кој зборуваме е МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Имаме вековна традиција и КУЛТУРА МАКЕДОНСКА. Денес после толку многу векови, зачувано е името МАКЕДОНИЈА. И покрај многуте преселби, доселби, војни, освојувања, окупации, депортации, геноциди и асимилации, населението во Македонија, македонскиот народ, никогаш не го променил својот МАКЕДОНСКИ идентитет. И затоа сме против промената на името Република Македонија“, вели С0тир Костов кој како граѓанин беше спречен да го оствари своето уставно загарантирано право на мирен и јавен протест.

Тој додаде дека: тие што немаат чувство за македонското име и македонскиот идентитет, ги спречија, гласно и визуелно, да им ги покажат на Коѕиас и сите други што сакаат да не прекрстат.

„Можеби и не успеаја во нивната намера. Денес бевме околу 120 граѓани. За некои малку, ама за нас, и не така малку. За почеток – доволно. Доволно, во блиска иднина, да прераснеме во Семакедонско движење за одбрана на името, јазикот, идентитетот и државноста на Република Македонија“, вели Костов.