Хaос во Tирана: По синоќaшните пpoтести уaпceни 59 лица и поднесени над 100 kpивични пријави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанската државна полиција иформраше дека во синоќешните насилни протести во Тирана притворени се 59 лица додека против 116 други поднесени се соодветни пријави и ќе се бранат од слобода.

Според полицијата, тие се обвинети за организирање незаконски собири и протести, уништување државен и приватен имот, насилство однесување врз полицски службеници.

-Полициските служби ги искористија сите законски средства за да ги неутрализираат насилните луѓе кои повикуваа на митинзи и поттикнуваа на толпа да напаѓа полицајци, стои во полициското соопштение.

Државната полиција предупредува дека сите оние кои сакаат да протестираат да имаат предвид дека во ова вонредно време за човечкото здравје групирањето на повеќе од 10 лица е забрането со закон и оти каква било употреба на насилство е казниво со закон.

-Предупредуваме дека секој поттикнувач или извршител на насилство врз полициските униформи, дека полициските службеници должни се да реагираат пропорционално и дека нема да се двоумат да го сторат тоа во секој случај и од која било причина,стои во соопштението.

Додава дека полицијата продолжува со идентфикација на други лица вклучени во насилни дејствија против полицијата, државниот и приватниот имот, како и да ги идентификува и приведе организаторите на протестите и повикуваат преку социјалните мрежи да учествуваат во нелегални собири.

Освен во Тирана приведени се и најмалку 30 лица во други градови каде синоќа исто така имаше насилн протести.

Во протестот пред два дена беа прведени седум лица при што на тројца од нив им е одредена мерка притвор додека за четворица малолетници поведена е постапка и ќе се бранат од слобода.Полцијата се уштe трага по осум други лица,меѓу нив и познатиот рапер Стреси. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This