дома Европа Хakирани податоците за вакцините и лековите протв ковид-19 на Европската агенција за...

Хakирани податоците за вакцините и лековите протв ковид-19 на Европската агенција за лекови


Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека податоците во врска со вакцините и лековите против новиот коронавирус биле цел на кибер напади претходно овој месец

Во соопштението се наведува дека податоците протекле само од една апликација. Европското регулаторно тело ЕМА ја препорача вчера вакцината против Ковид-19 од фармацевтските компании Фајзер и Бионтех, по што Европската комисија издаде одобрение за ставање во промет на вакцината, и тоа е прва вакцина против Ковид-19 одобрена во ЕУ.