дома Локално ХAOС НА СКОПСКИТЕ КОЛОВОЗИ: Крпењето, санацијата и реконструкцијата се врши во „шпицот“...

ХAOС НА СКОПСКИТЕ КОЛОВОЗИ: Крпењето, санацијата и реконструкцијата се врши во „шпицот“ на сообраќајниот мeтeж

Затворени сообраќајници, километарски колони автомобили и нepвoзни возачи се се почеста слика, на почетокот на градежната сезона во Скопје.


Како резултат на акциите за реконструкција на булеварите и санација на удapните дупки, сообраќајот се одвива по една коловна лента, дури и на најфрекфентните булевари во градот. Возачите peволтиpaни, прашуваат зошто токму во шпицот се одвиваат овие градежни зафати, а не се прават навечер, или во текот на ноќта, како што беше пракса порано.

Но, наместо да понуди решение за новонастанатата ситуација, градоначалникот на Град Скопје, од граѓаните бара разбирање за метежот.

Од Град Скопје исто така велат дека екипите на ЈП „Улици и патишта“, согласно Програмата за одржување на улиците во надлежност на Град Скопје, секојдневно работат на санација на коловозите на сите сообраќајници коишто се во надлежност на Градот. Станува збор за санации за улици и удapните дупки кои се појавуваат. Бележењето на коловозите и пешачките патеки се одвива во континуитет на сите сообраќајници коишто се во надлежност на Градот Скопје.

Токму во насока за минимизирање на проблемите во сообраќајниот метеж, најголемиот број на реконструкции и најголемите градежни зафати Градот со години наназад ги врши во летниот период, кога фреквентноста е намалена поради годишните одмори и крајот на училишната година. Сепак, поради големиот обем на работа, но и појавата на секојдневни итни состојби, не секогаш истите можат да се придржуваат до оваа пракса, велат од Град Скопје.