дома КОВИД-19 (Коронавирус) Хaoc пpeд бaнкитe: Peдици сpeдe кopoнa-kpизa зa 6.000 дeнapи

Хaoc пpeд бaнкитe: Peдици сpeдe кopoнa-kpизa зa 6.000 дeнapи

Иако речиси две недели се ажурираа податоците на граѓаните кои добија помош од државата од четвртиот пакет мерки, од вчера граѓаните истите можат да ги подигнат од филијалите насекаде низ државава. Сепак оние граѓани кои имаат блокирани сметки мораат да дојдат до утре и да ги подигнат средствата за истите да не им бидат одземени од страна на извршителите, па сликата која денеска беше затекната пред банките беше загрижувачка.

Илјадници граѓани и сред здравствена криза побрзаа да ги подигнат своите средства кои велат им се потребни пред да ни дојдат празниците, за храна и намирници за домот и семејството.

Инаку, вчера и денеска на сметките на граѓаните се уплатени вкупно 1,51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра, со кои се поддржуваат ранливите групи на граѓани, соопшти Владата.