Хyмaнитарна помош за населението кое е зафатено од пожарите во Крива Паланка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимовите на Црвениот крст на Република Македонија за одговор при катастрофи дистрибуира хуманитарна помош за населението кое е зафатено од пожарите во Kрива Паланка.

Хуманитарната помош се состоеше од 50 пакети со храна, 50 пакети со хигиена, 1260 шишиња вода од 0.5л, 100 ќебиња и 10 душеци.

Нашите тимови остануваат и понатаму на терен за да бидат во логистичка поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.

Црвениот крст на Република Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.

Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност.

Отворените телефонски линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони.

Отворени линии:

Скопски Регион   – 071/367-909071/367-981 и 071/379-119

Пелагониски Регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен)

047/236019 и 070/791770

Југозападен и Полошки Регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга,Охрид)

072/239-051 и 072/239-077

Источен, Североисточен и Југоисточен Регион  (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш)

071/426-660 и 071/426-633

Вардарски Регион  (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија)

075/294-036, 071/274-229 и 043/231537

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This