дома Македонија Царовска: СДСМ paбoти иcклyчивo вo интepec нa гpaѓaнитe

Царовска: СДСМ paбoти иcклyчивo вo интepec нa гpaѓaнитe

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, попладнево се сретна со жителите на Кочани со кои разговараше за сработеното во изминатиот период, но и за барањата и очекувањата на граѓаните.

-Како и до сега ние сме тука дирекно од граѓаните да слушнеме што е најдоброто за вас. Ова е одлика на транспарентното владеење на СДСМ и продолжуваме да ги слушаме и исполнуваме барањата на граѓаните и во периодот што ни доаѓа, рече Царовска.

Царовска истакна дека досега реализираните вредни капитални инвестиции изминатите три и пол години на локално и централно ниво од кои голем дел се и во образованието се доказ дека СДСМ работи исклучиво во интерес на граѓаните.

-Инвестициите во образовните институции во Кочани се околу 90 милиони денари, и тие се однесуваат на подобрување на условите во училиштата, замена на кровни конструкции и реконструкција на тоалетите, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ рече дека освен што инвестираат во современи објекти, истовремено вложуваате и во квалитетни наставни програми и во поддршка на наставниците со што го развиваат и унапредуваат националниот образовен систем.