Царовска: Учениците од најрана возраст треба да ги препознаваат и да дејствуваат против сите форми на насилство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование и наука Мила Царовска, по повод одбележувањето на годинашната кампања против насилство врз жени и девојчиња, испрати порака дека насилството не смее да се премолчува и дека сите заеднички треба да дејствуваат.

Со новата Концепција, кај учениците уште од најрана возраст развиваме свесност и ги учиме да ги препознаваат и гласно да зборуваат против сите форми на насилство, вклучувајќи го и насилството врз девојчињата и жените. Постојаното гласно зборување и дејствување против родово базирано насилство ја зајакнува борбата и нè прави уште посилни и солидарни во добивањето на оваа важна битка, а одбележувањето на 16 дена активизам е само потсетник дека гласноста и преземањето конкретни активности се најмоќните оружја за искоренување на сите форми на насилство, дискриминација и нетолеранција – вели Царовска во пораката.

Таа посочува дека МОН посветено работи низ образовниот процес да ја подигне свесноста кај учениците за родово базираното, но и воопшто за сите други форми на насилство, што треба да придонесе за намалување и искоренување на насилството во сите сегменти во општеството.

Токму во таа насока се и заложбите на Министерството за образование и наука. Со воведувањето на новата Концепција, учениците низ образовниот процес да се стекнат со основните општествени вредности, како што се толеранцијата, почитувањето на различностите и еднаквоста. Со реформските процеси учениците од најрана возраст учат да препознаваат и да дејствуваат против ненасилно однесување со што треба да придонесеме за намалување на насилството во општеството. Чекор напред во оваа борба е и повлекувањето на учебниците кои содржат родови стереотипи и поттикнуваат агресивност и понижување. Од оваа учебна година има нови наставни материјали кои ја унапредуваат родовата еднаквост и различностите – наведува Царовска.

Таа додава дека позитивно влијание треба да има и воведувањето на сексуалното образование во деветто одделение, како и јакнењето на стручните служби во основните и средните училишта кои ќе работат на заштита на менталното здравје на учениците и на наставниците.

Освен во образованието, изминатите години владата направи многу за превенција и заштита од родово базирано насилство. Ратификувана е Истанбулската конвенција, засилена е мрежата за помош и поддршка и поставување механизми за едукација и превенција. Но, ова е битка која мораме да ја водиме сите заедно, како општество – вели Царовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This