дома Актуелно „Цезap не е само caлата: Гepила акциja пpeд владата

„Цезap не е само caлата: Гepила акциja пpeд владата

Студенти од Филозофскиот факултет преку герила-акција пред Владата го искажаа ставот против реформите во образованието предложени од министерката Царовска.

Учесниците во акцијата носеа транспаренти со пораките „Историјата е мајка на знаењето“, „Но пасаран“ и „Јас не ја разбирам Мила“.

Историчарот Васко Гичевски упати поддршка за акцијата, наведувајќи дека таа покажува оти Македонија се уште има капацитет за сериозна и демократска дебата.

“Пред сѐ би сакал да истакнам дека особено ми е драго што помладите колеги студенти, решиле на вака креативен начин да го изразат својот револт”, вели Гичевски кој смета дека ригидните желби на МОН за брза реформа нема да доведат до квалитетно решение.

“Уверен сум дека доколку МОН ги искрши своите поставени рамки, и прво започне дебата, а дури потоа да се нафати со правење на Концепција, тогаш сите ние на драго срце би учествувале во конструктивна дебата, со своите професионално вештини. Ригидните желби на МОН за брза реформа, сметам дека нема да доведат до никаков квалитетен продукт, особено откако компетентните институции, сосема јасно ги согледаа фалинките на оваа реформа и изнесоа свои стручни согледувања. Сметам дека МОН согласно на демократските и цивилизациските принципи треба да отстапи од своите позици и да го послуша гласот на науката. Доколку продолжи со игнорирање, тогаш само ќе доживее посилен отпор и негативни поени во јавноста, а секако концепцијата нема да успешна, туку ќе се перцепира како насилно наметната желба на неколкумина врз мнозинството, смета Гичевски.

Извор Нова Македонија