дома Актуелно Цела Европа ги oдлoжyвa пописите, само Зaeв тepa инaeт

Цела Европа ги oдлoжyвa пописите, само Зaeв тepa инaeт

Додека во Македонија се дискутира дали воопшто треба да се одржи попис, а владата на Зоран Заев тера инает во најголемата светска здравствена криза да спроведе ваква операција која недвосмислено неколкукратно ќе го зголеми бројот на заболени од КОВИД19, Европа исто така се подготвува за пописи, со една разлика – во Европа преовладува разумот над инаетот.

Секои 10 години повеќето Европски земји одржуваат попис, генерално пописите се одржуваат во години кои завршуваат на „1“. Британија е земјата пак која прва ја воведува оваа традиција, кога во далечната 1801 година спроведува попис, а потоа на секои десет години – 1811, 1821, 1831…
Пред ковид пандемијата оваа операција се спроведуваше без некои шокови, но оваа година, проблеми на целиот континент.

Некои земји, како Холандија на пример, веќе не спроведуваат формално пребројување, туку се потпираат на различни дата-бази за да се пребројат. Повеќето земји се уште спроведуваат традиционални попишувања, но квантитетот на одење од врата на врата се разликува. Информациите складирани во дата-базите и собрани низ пописите често имаат потреба само да бидат проверени од фактички попишувачи на терен, но испраќањето на попишувачи додека беснее пандемија, не е најпаметна идеја – барем така сметаат цивилизираните земји од Западна Европа. Затоа, Германија, Франција, Ирска и Шкотска – покрај останатите – ги одложија своите пописи до следната година.

До почетокот на пандемијата, демографските трендови во повеќето Европски земји беа слични. Европејците старееа и имаа се помалку новороденчиња. Без миграцијата, популацијата на повеќето Европски земји беше упатена на пат кон општо намалување. Од 2012 година смртноста во 27-те земји членки на ЕУ беше поголема од бројот на новородени европјани. Овој тренд ја прогонува Германија од 1972-та година, додека од Италија ова е тренд од 1993 година. Стапката на фертилитет во Европската Унија во овој момент е нешто околу 1.53 деца на една жена – драстично помалку од потребната 2.1 дете по жена, стапка која гарантира стабилност на големината на една популација. Најмала е Малта, со само 1.14 дете по жена, а највисока стапка на фертилитет има Франција со 1.83.

Најголемиот диспаритет помеѓу земјите е миграцијата. Побогатите Европски земји привлекуваат миграција од посиромашните. Затоа популацијата на овие побогати земји се зголеми во последната четвртина од минатиот век, и покрај ниските стапки на фертилитет, додека популацијата на посиромашните драстично опаѓа. Популацијата на Бугарија, на пример, е намалена за неверојатни 21% од 1990 година – пишува „Економист“, додека Романија изгубила 17% од нејзината популација.

Сепак, пандемијата ги наруши и овие трендови. До сега околу 547.000 луѓе починале како резултат на корона вирусот во ЕУ. Голем дел од мигрантите од источна Европа се вратија дома. Рецесијата во домашните буџети подгреана од мерките против КОВИД19 дополнително го зголемија стресот во брачните средини, што пак доведува до дополнително намалување на стапките на фертилитет, пишува „Економист“.