дома Актуелно ЦЕЛА НОЌ АПСЕЊА: Голема полиска акција на повеќе локации во Македонија!

ЦЕЛА НОЌ АПСЕЊА: Голема полиска акција на повеќе локации во Македонија!

Голема полициска акција се одвивала во текот на ноќта на повеќе локации во Македонија.

Како што дознава Press24, акцијата која полицијата ја водела под оперативното име „Брана“ била насочена кон наркодилери.

Неофицијално, уапсени се повеќе лица и запленета е поголема количина дрога.

Од МВР потврдуваат дека се спроведувала полициска акција но не откриваат повеќе детали во моментов. Нив ги најавуваат во текот на денот.